Тајфунот „Ноул“ по Филипините го погоди јужниот дел на Јапонија

Тајфунот „Ноул“ денеска го погоди јужниот дел на Јапонија, откако вчера мина крај североисточното крајбрежје на Филипините каде загинаа две лица.

Поројните дождови и бурните ветрови ги зафатија јужните јапонски острови Амами, на околу 1.800 километри југозападно од Токио, објави јапонската метеоролошка служба, пренесува МИА.

Тајфунот се движи кон големиот јужен остров Кјушу и централниот остров Хоншу.

На Филипините тајфунот зеде две човечки жртви, а околу 3.500 лица беа евакуирани.