Тајкун од Австралија стана побогат поради овие фотографии

Траверс Бејнон, тајкун од Австралија стана побогат поради овие фотографии. Бејнон кој е попознат под прекарот Кендимен, доби 25.000 долари оштета од дадилката што ги чувала неговите деца.

Мишел Менти пред камерите изјави дека Бејнон е лош родител, тврдејќи дека тој дозволил децата да ја гледаат нивната мајка како лежи гола на масата, прекриена со суши. Нејзините тврдења на судот биле проценети како измислици, па дадилката морала да му плати голема сума на пари на својот поранешен работодавач.

Мишел Менти во споменатото телевизиско интервју изјави дека извршниот директор на синџирот за тутун „FreeChoice“ води „лудачки живот“ и дека од неговиот дом луѓето константно излегуваат и влегуваат.

kendimen-1

Разбирам дека тоа нему му се допаѓа, но сметам дека тој е должен да ги заштити своите деца од тоа. Неговите ќерки беа присутни кога нивната гола мајка ја прекриваше со суши и ја фотографираше, вели дадилката.

Сепак судот утврдил дека девојчињата во тој миг не биле во домот па е донесена пресуда за оштета за повреда на угледот на Бејнон.

kendimen-2

Судијата додал дека „австралискиот Хју Хефнер“ најверојатно би добил и поголема оштета ако не го промовирал својот расипнички начин на живот на Инстаграм.

kendimen-3