Тајкуните на Хитлер: Нацистички брендови кои преживеале до денес!

Меѓу индустријалците од Германија кои оставиле најдлабока трага во нацистичкиот режим, еден од највлијателните бил Фердинанд Порше. Со Хитлер се сретнал во 1934 година за да договорат детали околу развојот на „народен автомобил“, „фолксваген“, за кој германскиот Фирер барал да биде аеродинамичен, како „буба“.

Големите и славни компании кои со децении владејат на денешните пазари, вешто ја сокривале својата неславна улога во времето на нацизмот. Но, мрачната соработка со Хитлер, полека излегува на виделина.

Меѓутоа, ретко кој размислува за тоа или вооппто знаат дека тие компании се само некои од оние кои соработувале со нацистичкиот режим, и во текот на војната, кога дури како работна сила користеле воени заробеници и присилни работници од окупираните земји. Без оддршка од сопстевниците на некои од наведените фирми, Адолф Хитлер можеби никогаш не би дошол на власт.

Така, пред Втората светска војна, е роден култниот автомобил. А во текот на војната, кога Порше се префрла на дизајнирање и производство на тенкови и други воени возила, се смета дека четири од пет работници кои работеле во неговата фабрика биле присилни работници.

Фердинанд наводно имал директна линија кон Хајнрих Химлер, секогаш кога ќе му затребала работна сила од логорите.

Директна врска со концентрационите логори имала уште една компанија – осигурувачкиот гигант Алијанц. А, бидејќи шефот на оваа компанија бил министер за економија на Хитлер, Алијанц практично имал монопол на осигурувањето во државата, а тоа одело толку далеку што се осигурувале сите згради и вработени во Аушвиц.

Алијанц го осигурувал имотот на одземените Евреи кои биле испраќани во логори, но после војната компанијата одбивала да исплати полиси за животно осигурување за оние кои од логорот никогаш не се вратиле? Причина? Крајно цинична и гротескна: непостоење посмртница, како СС-овците да ја издавале на влезот во плинските комори.

Тие исти СС-овци на себе носел црни униформи кои ги дизајнирал член на нацистичката партија, Хуго Бос, уштево 30-те години, само осум години откако ја основал компанијата.

Чизмите за војската ги произведувал Адолф Даслер, кој подоцна ќе го основа –Адидас.

a1

Гунтер и Хрберт Квандт, татко и син кои биле на чело на фабриката Бајериш Мотор Верк, познати како „BМW“, биле посебно блиски со Хитлер, а Гунтер некое време бил во брак со магда Геблс. Нивните потомци и денеска се сопственици на „BМW“, а од годинава и официјално се најбогатите Германци, чие богатство се проценува на 31 милијарда долари.

„BМW“ призна дека користеле и до 30 илјади присилни работници во текот на војната, кои изработувале мотори на Луфтвафе, потоа мотори за копнената војска, како и муниција, батерии, оружје. Фамилијата имала удел и во производството на батериите ВАРТА, и во производството на „мерцедес“, како најчесто возило на нацистичката елита.

a2

Најголем профит од нациститеостварл големиот конгломерат под името „ИГ Фарбен“, која е четврта најголема фабрика на свет. Меѓу другото, произведувале Циклон Б – плин што се користел за масовни убиства во логорите.
Една од филијалите била и денешната фарамацевтска компанија „Бајер“, кој првенствено се пробил со тоа што го синтетизирал лекот протв кашлица Хероин, но вистинската слава ја стекнува со лекот Аспирин. Го синтетизиарал вработен кој се викал Артур Ајхенгрун, но бидејќи бил Евреин, Бајер како творец на Аспиринот, секогаш го истакнувал неговиот подреден работник, Феликс Хофман. Секако, и Бајер и остатокот на „ИГ Фарбен“, користеле присилни работници, како и „Сименс“.

Голем метеж се случи во 2001 година кога фабриката се обидела да го заштити името Циклон, сакајќи да продава производи како правосмукалки. Поради поврзаноста на „Сименс“ со холокаустот, тоа потсетување на Циклон Б, не помина добро во јавноста, па се  откажале.

a3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.