Тајкуните повеќе не ја водат Србија

Тајкуните повеќе не ја водат Србија, изјави во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Не верувам дека ситуацијата е иста, барем не можете да кажете дека тајкуните ја водат земјата како претходно. Никој тоа не може да го каже, рече Вучиќ.

На прашањето дали тоа значи дека за половина година дошло до промена на ситуацијата тој рече: „Не велам дека ја свртевме ситуацијата, велам дека покажавме политичка волја. Барем тајкуните повеќе не се надлежни за интересите на земјата и народот, како што беше во оваа земја“.

Вучиќ меѓутоа изјави дека и натаму е загрижен поради судскиот и правниот систем во кој, како што истакна многу работи мора да се прилагодуваат во иднина.

– Нема проблеми со политичката волја, нема заштитени личности, нема заштитени тајкуни, нема заштитени политичари, додаде тој.

Според него проблем е што Србија и натаму го има стариот систем и луѓето можат да работат на некој случај со години, а никогаш да не го завршат тој процес и додаде дека тоа мора да се менува за да се помогне во борбата против корупцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.