Тајлајтинг нов естетски третман што го освои Холивуд

Одамна веќе се навикнавме на менување на стандардите за убавина и тоа постојано го гледаме на социјалните мрежи и на медиумите воопшто.

Тајлајтинг е нова процедура која започна да се применува во одделите за естетска хирургија во американските и британските клиники. За ова се определуваат жени кои сакаат да имаат мазни нозе, затегнати и убаво обликувани како на светски познатите личности, Бела Хадид, Кендал Џенер, Џенифер Лопез.

Овој зафат им овозможува на девојките потполна промена на изгледот на ногата, но може да вклучи и голем број болни и инвазивни операции.

Хируршката интервенција за разлика од другите процедури кои се однесуваат на регулирање на обемот на ногата,  се состои од повеќе зафати, а тоа се менување на обемот на бутот, зголемување на потколеницата со вградување на импланти, контурирање на внатрешноста како и липосукција.