петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 46

Тајланд: 17 деца загинаа во пожар во училиште

pozar

Последни вести

Најмалку 17 девојчиња загинаа во пожар кој избувна во спална соба на едно женско училиште во северниот дел на Тајланд, соопшти денеска локалната полиција.

– Во пожарот се повредени уште пет деца, од кои две се во критична состојба, изјави началникот на окружната полиција полковник Прајад Сингсин.

Пожарот избувнал минатата ноќ кога девојчињата, на возраст од пет до 12 години, спиеле во христијанското училиште Питакатвитија во дистриктот Ванг Па Паоу во провинцијата Чанг Раи.

Според прелиминарниот извештај, пожарот бил предизвикан од дефект на неонското осветлување во приземјето на објектот.

За време на пожарот во спалната имало 36 деца од 142, колку што го посетуваат училиштето.

Најчитани вести