Свет

Тајланд: Илјадници луѓе евакуирани поради истекување на отровен гас

Тајланд: Илјадници луѓе евакуирани поради истекување на отровен гас

Поради сомнение дека истекува гас со лош мирис во индустриска зона во Тајланд се евакуирани неколку илјади жители.

Најверојатно се работи за истекување на хлор од некоја фабрика, а состојбата ја искомплицирале неколку помали шумски пожари во близина на индустриските комплекси.

Гасот не предизвикал поголеми здравствени проблеми кај населението. Директна последица е забележана кај две деца и една повозрасна личност, но тие по лекарската интервенција биле пуштени на домашно лекување.