Тајланд се подготвува за кремирање на кралот

Големата генерална проба за кремирањето на кралот на Тајланд е одржана во саботата за до најмали детали се предвиди свеченсота коај треба да укажува на речиси божествениот статус на кралевите во оваа земја којашто ја води владата на ултра-ројалистичката хунта.

Големиот дена на кремирањето на кралот Бумибол Адулјаде, за коешто советниците на кралскиот двор, генерали и мајстори се подготвуваат со месеци, конечно наближува. Во четврток посмртните останки на монархот, починат пред една година на 13-ти октомври 2016 година на 87-годишна возраст, ќе бидат пренесени со голема помпа и церемонија од палата кон раскошниот позлатен крематориум.

Мајсторите таму работат со месеци во резба во дрво ликови од хундуистичката и будистичката митологија. Повеќе од 500 ликови и животни го опкружуваат ова место замислено да го претставува ридот Мера, центарот на универзумот за будистите и хиндуистите.

„Свеченостите за кралот се замислени како наменети за полубожество“ во Тајланд, појаснува Еакарак Лимсунгас, шеф на полицискиот оддел задолжен за спроведување на протоколот. Неговите единици, меѓу другото, ќе мора многу внимателно да проверуваат дали гостите и гледачите како новинари кои го следат настанот да бидат облечени во црни костуми и да покажуваат почит.

Во саботата уште илјадници Тајланѓани се собраа на улиците околу палатата за да присуствуваат на генералната пробна на свеченоста предвидена за пет дена. Се очекува дека ќе присуствуваат 250.000 луѓе, a церемонијата ќе чини 90 милиони долари.

Кралот Маха Ваџиралонгкорн, син на починатиот крал, во четвртокот ќе ора да претседава со свеченоста на кремирањето, на клучниот ден од погребот кој официјално ќе започне во среда и ќе трае пет дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.