Тајната на долговечноста се крие во умот

Најстарата жена на светот живееше 122 години и 164 дена, а научникот Жан Мари Робен откри дека таа никогаш не работела ништо посебно, за да си го сочува здравјето.

Пушела цигари од својата 21 година, пиела вино и јадела чоколадо неколку пати неделно се додека не наполнила 119 година.

Својата долговечност ја препишала на тоа дека постојано се смее и не се нервира.

„Ако не можеш да направиш ништо по тоа прашање, не се нервирајте поради тоа,“ изјавила бабата.

Имала среќа цел живот да биде во богати семејства и да нема многу стрес.

Поврзаноста меѓу стресот и инфарктот е одамна докажано, но се појави и интересен податок. Според една студија за психосоматски болести, екстремното потиснување на лутењето е најчесто идентификувана карактеристика меѓу 160 пациенти со рак на дојка.

Ова покажува дека потиснатиот стрес и тешкотиите можат да доведат до рак, и да го забрзат неговиот развој.

Иако не е спорно дека физичката активност и здравата исхрана се исклучително битен дел од виталноста, според зборовите на бабата и стручњаците постои лек кој може да се пие во неограничени дози, а тоа е позитивниот став.