Свет

Тајниот американски авион „Х37“ се врати на Земјата по две години во вселената

Тајниот американски авион „Х37“ се врати на Земјата по две години во вселената

Американскиот суборбитален разузнавачки авион „Х-37 Б“ денеска успешно се приземји на космодромот во Кејп Канаверал, по над 700 дена минати во орбитата, соопштија американските воено-воздухопловни сили.

„Х-37 Б“ се врати од орбитата и безбедно се приземји во вселеснкиот центар „Џон Кенеди“. Леталото мина над 700 дена во вселенското  пространство“, на Твитер посочија американски ВВС.

Ова беше четврти лет на леталото. Тајниот проект „Х-37 Б“, вселенско тест летало на компанијата Боинг (Boeing), во 1999 година почна да се користи од НАСА. Првично леталото за повеќекратни употреби  „Х-37 Б“ беше наменет за ремонт на сателити во орбитата. Во 2004 година, меѓутоа, програмата беше прогласена за тајна и им беше предадена на користење на американските ВВС.