ВИДЕО: Тајниот живот на арапските плејбои

Тајниот живот на арапските плејбои на Емиратите е табу тема, за која не се говори. На Западот, тоа не е никаква тајна, токму затоа што истите тие принцови од врелото лето на Емиратите бегаат во Европа и САД, каде трошат огромни суми на нивните пороци.

Само пред неколку недели шеикот Калид бин Хамад ал-Тани од Катар ги напушти САД откако претходно дивееше со своето жолто ферари на улиците на Лос Анџелес и ги загрози животите на неколку случајни минувачи.

Сепак, Лондон е омиленото одредиште на богатите принцови. Летото во престолнината на Англија резервирано е за „екскурзија“ на милијардерите од Емиратите, Катар, Кувајт и Саудиска Арабија. Така златните „ренџ-ровери“ станаа вообичаена појава на паркинг просторот пред лондонските хотели.

На англиските аристократи воопшто не им се допаѓа оваа наезда на богати принцови. Прво, затоа што овие принцови се разуздани, што конзервативните аристократи неможат да го замислат, а второ, што можеби е и поважно – имаат многу повеќе пари, пренесува Дејли меил.

Даниел Хамворт, човекот што е „специјалист“ за привремен увоз на возила за неговите арапски клиенти во Европа, вели дека принцовите што одат во Лондон се млади, многу богати и таинствени.

Поголемиот дел од овие момчиња е на возраст помеѓу 21 и 25 години, а сумата што тие ја трошат за неколку месеци, некој неможе да ја заработи ниту за целиот свој живот. Тие доаѓаат во Лондон да се опуштат и да се забавуваат, затоа што Европа им го пружа сето она што неможат да го прават дома, каде правилата се мошне построги. Откако ќе „проживеат“, се враќаат во своите кралства, каде ги очекува женидба, вели Хемворт.

Даниел наведува дека младите Арапи се клиенти со исклучителни побарувања и дека се мошне незгодни за соработка.

Се што бараат мора да биде направено веднаш, утре не е во ред. Многумина од нив остануваат на нивните луксузни имоти што ги купиле во Лондон, Париз, Лос Анџелес… Ако не се сопственици на некој недвижен имот, тогаш го изнајмуваат претседателскиот апартман во најскапите хотели на неколку месеци, вели Хемворт.

Според неговите зборови младите шеици се доста затворени.

Не се параноични, но се многу таинствени. Не му го кажуваат своето име секому и многу често одговараат само со еден збор. Им го крева егото тоа што луѓето им завидуваат на богатството и скапоцените автомобили што ги поседуваат, но сепак се држат на дистанца, изјави Даниел.

Покојниот шеик Рашид бил постојан гостин во Лондон. Во согласност со богатството на неговиот татко, што според „Форбс“ изнесува 1, 9 милијарди долари било и однесувањето на Рашид.

Сеуште се говори за неговите забави што тој ги организирал на покривите на најскапите лондонски хотели, каде уживал со голем број жени.

Сепак, она што може проблем во одредени случаи е плаќањето на сметките. Така на пример принцезата Маха бинт Мохамед бин Ахмад ал Судаири, балдзка на покојниот саудиски крал Абдулах, се обидела да си замине од парискиор хотел Шангри со пет ѕвездички без да ја плати сметката, а сумата била доста голема.

Маха на пет месеци изнајмила 41 соба, и направила сметка од седум милиони долари. Откако раоводството на хотелот стапило во контакт со саудиското кралското семејство, сметката била подмирена во рок од 48 часа, а Маха била казнета. Нејзе и е доживотно забрането да ја напушти Саудиска Арабија.

Почина принцот од Обединети Арапски емирати поради срцев удар?

И покојниот Рашид беше казнет од страна на неговиот татко, токму поради разузданоста и пороците, па така во 2008-мата година ја загуби престолонаследничката позиција, каде беше поставен неговиот помлад брат Хамден.

Рашид беше тргнат од позицијата прв наследник поради вмешаноста во едно самоубиство, што беше откриено во доверливо депеше испратено од САД во Дубаи, што подоцна беше откриено од страна на Викиликс.

Тогашниот конзул генерал Дејвид Вилијамс тогаш напишал: „Рашид наводно го убил својот асистент, поради што го загубил првенството за наследување на престолот“.

Во последните години од неговиот живот на Рашид му било дозволено да го напушти Дубаи само неколку пати. Патувањата и забавите во Лондон се сведени на минимум. Еден од членовите на неговиот персонал изјавил дека кралското семејство во 2011-тата година го испратило на рехабилитација од дрога.

По скандалот со самоубиството и рехабилитацијата, Рашин во целост исчезна од јавниот живот. Дури и сите негови официјални фотографии биле тргнати од интернет. Дури по неговата смрт се појавиле неколку фотографии што на Инстаграм ги објавил неговиот брат Хамден.

Во меѓувреме, арапските плејбои продолжуваат да живеат брзо, да трошат пари и да уживаат во европските метрополи.

Последните неколку дена беа доста турбулентни за саудиските кралски семејства. Прво цел Дубаи беше шокиран од смртта на принцот Рашид (33), наследникот на Мухамед, а кратко потоа полицијата во Лос Анџелес го приведе Мајид Абдулазиз ал-Сауд (28) поради обидот за силување на слугинката.

Престолонаследникот Рашид почина на 19-ти септември, а како причина за смртта се наведува срцев удар. Долго време кружеа шпекулации за разузданиот живот на младиот принц, лумпувањето на журките, разфрлањето пари на тркачки коњи, брзи автомобили и убави жени, но и уживањето во наркотици и оргии.