Тајниот живот на Витни Хјустон – Дали ова ја доведе до прераната смрт?

Поранешниот сопруг на Витни Хјусот изнесе шокантни тврдења за славната пејачка. Тој изјави дека Витни била бисексуалка и дека била во врска со Робин Крафорд. Оваа љубов имала несреќен крај и тој смета дека тоа бил еден од факторите што довеле до нејзината трагична смрт.

Боби Браун во моментов ја промовира неговата автобиографија насловена Every Little Step, а во најновото интервју вели дека меѓу Витни и Робин имало нешто повеќе од пријателство.

Јас ја знам вистината. Бевме во брак 14 години и таа се ми раскажа, вели тој за US Weekly.

Витни со години ги негираше гласините дека е бисексуалка и дека е во врска со Робин, со која се запознала уште во Њу Џерси пред да стане славна.

Пејачката тогаш имала 16, а Робин 19 години. Тие две станале неразделни. Биле цимерки, па поради тоа се говорело дека се повеќе од пријателки. Робин подоцна станала асистентка на Витни и креативна директорка и често се појавуваше со неа на јавните настапи. Медиумите го забележаа тоа, па гласините за нивната врска се проширија, што веднаш беше демантирано.

По смртта на Витни, нејзината мајка Сиси Хјусот изјави дека не го одобрувала блискиот однос на ќерка и’ со Робин. Браун тврди дека тоа влијаело на трагичниот крај на Витни.

Навистина сметам дека Витни би била жива и денес, ако Робин беше прифатена во нејзиниот живот, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.