Балкан

Тајните служби на САД го обвинуваат Вишо Ајази Лика Таблет со тајни, руски агенти и хотелски камери во Брисел

Таблет со тајни, руски агенти и хотелски камери во Брисел

Шефот на ШИШ (тајните албански служби), Вишо Ајази Лика поднесе оставка пред неколку дена, а на негово место беше назначен Хелидон Бендо, неговиот поранешен заменик. Многу се зборуваше во врска со причините за неговата оставка, поврзувајќи го со прислушувањето на највисоките државни функционери или текот на информациите во правец кон поранешниот премиер Сали Бериша. Кој овие необработени информации и речиси сите невистинити, потоа ги искористи како обвинувања против владата преку „дигиталениот граѓанин”, пишува „Памфлети


Но, беше кажано дека го изгубил професионалниот таблет, во кој ги имал меморирано сите тајни информации од Албанија и како членка на НАТО, како и списокот на инфилтрираните Албанци во и надвор од земјата во служба на ШИШ.
Но, биле меморирани и информации од Алијансата обезбедени од страна на нашите сојузнички партнери. На овој начин, Вишо Ајази Лика беше вмешан во скандал, во кој беа загрозени одредени поединци и интереси на земјата.

Кратко пред тоа, тој имаше работна посета во Брисел, каде што се сретна со важни личности на НАТО. Но, Русите во рамките на договорот меѓу НАТО и Русија имаат право да имаат набљудувачки тим во оваа организација за да го видат спроведувањето на договори меѓу две политички воени сили. Тие дури ја гледаат и трката за вооружување, а во Албанија дојде таков руски тим за набљудување и направи тридневен преглед според договорот.

Додека самиот Вишо Ајази Лика издаде наредба за опремување на раководителите и службениците на институцијата со електронски таблети, кои содржат различни податоци и информации во врска со работењето, идентитети на одредени лица и се што е поврзано со функционирање на службите или домашната политика. Таблетите се слични на денешните мобилни телефони, но со поголеми екрани и имаат многу висока меморија за чување на информации.
Кога Вишо Ајази Лика беше во посета на Брисел во рамките на конференциите на НАТО, тој имаше личен таблет со сите тајни информации. Изворите велат дека овие таблети се наведени во пописот на опрема и се во сопственост на институцијата. Поради оваа причина, секое лице кое го држи ќе мора да одговора за него. Но, кога Вишо Лика се врати од Брисел, тој рече дека го изгубил таблетот. Според него, таблетот исчезнал во времето кога го напуштил хотелот, но без никакви индиции за тоа кој би можел да го земе.
Но, на таквата вест го предупреди ЦИА и тајнате служби на земјите-членки на НАТО, кои повторно беа вратени на безбедносните камери во конференциската сала, а исто така и на местото каде што се сервира кафе преку кетеринг.

Се дознава дека таблетот на Вишо Ајази Лика е отворен во аголот на масата оставен од самиот поранешен шеф на албанската тајна полиција. Тој си заминал мирно и во моментот еден руски официјален претставник кој се смета дека од тајната служба, тргнал но се вратил без да го земе. Ова го говорат извори од Брисел, кои беа информирани за содржината на безбедносните камери во собата.

Сè е реализирано според ова сценарио. И бидејќи е уред кој го користи поранешниот шеф на тајните служби има екстремно високи информации категоризирани како “тајни” и “премногу тајни”.

Не постојат прецизни детали за содржината на материјалите, но изворите велат дека има податоци за конкретни лица, агенти на службата, политичари, криминални и терористички групи, но и податоци за Албанија, како и податоци добиени од партнерските служби како и од разговорите зад затворени врати на овие состаноци што се одржаа на конференцијата со шефовите на тајните служби на земјите-членки на НАТО.

Овој таблет, според американските секретаријати и земјите на НАТО, паднал во рацете на тајните агенции или непријателските странски членови на Алијансата, Русија и нејзините сојузници, и запленувајќи таен материјал се заканува националната безбедност и имињата споменати таму.

Овој скандал првично беше скриен од поранешниот шеф на тајните албански служби откако помина како нешто нормално. Но, во последно време излезе на сцена и како загриженост на ЦИА и тајните служби на земјите-членки на НАТО, тоа го принуди Вишо Ајази Лика да поднесе оставка, бидејќи многу тајни материјали се веќе во рацете на странски личности и не е познато за што можат да се користат. Објавувањето на тајни материјали е казниво со закон, но за да се избегне какво било кривично гонење тој поднесе оставка. Но, повторно ја врати климата на недовербата на Алијансата кон Албанија за протекување на тајни кон Русија и Иран.