Тајсон ќе го претепал Џордан

Ако испиеше Мајк Тајсон уште еден пијалак во 1988 година, Чикаго Булс никогаш немаше да ги освојат оние бројни титули.

Дури 27 години по инцидентот, вистината конечно излезе на виделина: Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња, можеше да стане жртва на Мајк Тајсон, во тоа време светскиот шампион во бокс и кокаински зависник.

Приказната за тој инцидент е објавена во новата биографија на Тајсон, која овие денови се појави во книжарите.

Во тоа време Тајсон беше женет со Робин Гивенс (од која не долго потоа се разведе), а средбата со Џордан се случила на една џет сет забава во Чикаго. Во друштвото на Џордан беа и неговите пријатели Ричард Дент (американски фудбалер, играч на Чикаго Берс) и тренерот на Берси Мајк Дитка.

majk-1_thumb_medium500_333

Поранешниот менаџер на Тајсон и пријател Рори Холовеј јасно се сеќава како сето тоа се случило.

-Мајк седеше таму и го пиеше својот омилен коктел, Лонг Ајленд ладен чај, а кога ќе испие малку повеќе, е тогаш го зборува тоа што навистина го мисли. Само што му кажав на келнерот малку да му го разблажи пијалакот, бидејќи го познавам каков е, забележав дека се ѕвери во Мајкл Џордан, кој седеше за соседна маса. Одеднаш Мајк му кажа на Мајкл: Еј човеку, ти мислиш дека јас сум глупав, дека знам дека си се е*ел со мојата ку*ка“. Како што раскажува понатаму Холовеј, „Џордан изгледаше како видел дух, а тоа уште повеќе го налутило Тајсон кој сакаше да ја расчисти целата работа“.

„Ајде кажи ми. Знам дека си бил со неа. Можеш да ми ја кажеш вистината“, кажал Тајсон.

Менаџерот Дон Кинг, кој бил во близина, се обиде веднаш да ја смени темата, бидејќи и тој добро го познавал темпераментот на Тајсон.

majk-2_thumb_medium500_333

Но веќе било доцна. Три секунди подоцна, тројца луѓе го држеле Тајсон, а тој врескал дека Џордан „ќе го искрши од ќотек“.

Џордан набрзина се облекол и се пробил до најблискиот излез, побрзо отколку што во тие денови ја пробивал одбраната на Кливленд, се сеќава Холовеј.

Не долго по овој инцидент, Робин Гивенс се разведе од Тајсон, а шампионот подоцна ја плати цената на злоупотребата на алкохол и дрога: во 1990 година ја загуби титулата од непознатиот Бастер Даглас, а во 1992 година беше осуден за силување и пратен во затвор.

По ова веќе никогаш не беше ниту блиску до оној боксер кој со 20 години ја освои титулата на првак на светото во тешка категорија.

Од друга страна, Мајкл Џордан во наредните 10 години во кошарката освои се што можеше да се освои и влезе во легендите во играта која се игра под обрачите.

Извор: Вистина.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.