Тајван: По 60 часа спасено 8-годишно девојче од под урнатините

Осумгодишно девојче преживеа 60 часа под урнатините во Тајван. Девојчето Лин Су-Чин беше извлечено од урнатините во свесна состојба и веднаш префрлено во болница, пренесува Ројтерс.

Уште две лица беа извлечени живи од под урнатините на зградата која се урна пред два дена во силниот земјотрес во градот Таинан во јужниот дел на Тајван.

Спасувачите прво извлекоа една жена која лежеше под телото на нејзиниот сопруг, јавува Би Би Си, додавајќи дека нејзиниот двегодишен син беше пронајден мртов веднаш до неа. Малку подоцна, бил спасен уште еден човек.

Најмалку 35 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Тајван.

Се верува дека повеќе од 100 луѓе се уште се закопани под урнатините.

Постојат повеќе жртви отколку што се спасени и бројот на жртвите веројатно ќе надмине 100 лица, изјави градоначалникот на Таинан Вилијам Лаи за Ројтерс.