Свет

Тајванската Влада си поднесе колективна оставка

Тајванската Влада си поднесе колективна оставка

Тајванската Влада денеска си поднесе колективна оставка, по поразот на Националистичката партија на локалните избори.

Денеска сите 81 член на владата си поднеле оставка, но ќе ги обавуваат своите функции се додека претседателот Ма Јинг Џу не го именува новиот премиер.

Премиерот Џианг Ји Ху во саботата ја поднел својата оставка непосредно по соопштувањето на резултатите на локалните избори кои се оценуваат како тест за претседателските избори кои треба да се одржат во 2016 година.