Тајзи за прв пат ќе настапи во Италија

Тајзи во сабота, на 25-ти ќе настапи во Пјаченца-Италија, во Дискотеката Авиља.

Инаку, ова е прв пат во неговата кариера, Тајзи да настапи надвор од границите на Македонија.

Тој во меѓувреме неуморно работи и се подготвува за престојниот, солистички концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 29-ти ноември во Универзалната Сала.

Од Иноватива Груп најавуваат дека ќе има и интересни гости и очекуваат голема заинтересираност за истиот. Продажбата на картите за концертот на Тајзи се во ограничен број и веќе во продажба преку дистрибутивната мрежа на МКTickets. Картите во месец Октомври се со промотивна цена.