Спорт

Такопина: Има заинтересирани за инвестирање во Болоња

Такопина: Има заинтересирани за инвестирање во Болоња

Новиот претседател на Болоња, Џо Такопина, јавно ги коментираше шпекулациите дека Коби Брајант и Марко ди Ваио ќе инвестираат во клубот.

Такопина, американски адвокат, е на челото на целата група која го купи италијанскиот клуб.

„Нашите напори да ја препородиме Болоња ќе бидат константни бидејќи сакаме клубот да го вратиме на врвот. Веруваме во иднината и нашиот проект е долгорочен“, вели Такопина.

„Повторно ќе продаваме сезонски влезници затоа што ни се важни навивачите. Сакам да им порачам дека нашите сонови се и нивни“, рече Такобина, а освен него на конференцијата присуствуваше и некогашниот играч на Болоња и на Монтреал Ди Ваио.

„Многу нешта се кажано во претходните денови. Ако ме прашувате за потенцијалните партнери, постојат некои имиња, но уште ништо не е сигурно, одговори Такопина на прашањето дали меѓу инвеститорите е и кошаркарот на „Лејкерс“ Коби Брајант, пренесува порталот „Фудбал Италија“.

По осум кола, тимот на Болоња е на петотто место во Серие Б, втората италијанска фудбалска лига.