Такси возилата во Лондон во знакот на Србија

Туристичката организација на Србја (ТОС) покрена промотивна кампања со цел зголемување на видливоста и интересот за туристичка понуда на Србија на пазарот на Велика Британија.

Во рамките на оваа кампања ќе бидат претставени понуди за одмор за Србија преку брендирање на такси возилата во Лондон и огласи на билборди како и во метро. Акцентот се става на понуда за активен одмор во природа, краток одмор во градовите и културно историско наследство.

За овие потреби Туристичката организација на Србија закупи огласен простор на 15 такси возила, 20 рекламни панели во лондонското метро и пет билборди.

Се очекува кампањата која ќе трае два месеци да биде увертира за претставување на туристичката понуда на Србија на најголемиот светски саем за туризам World Travel Market кој се одржува во ноември.

Според податоците на Републичкиот завод за статистика, Србија до август ја посетиле 10 отсто повеќе туристи од Велика Британија во однос на истиот период на 2013 година.