„Таксират“ и „Д Фестивал” номинирани за Европските фестивалски награди

„Таксират“ и „Д Фестивал” со номинации за Европските фестивалски награди.  Додека траат подготовките за своето седумнаесетто издание, „Таксират” фестивал седма година по ред влегува во конкуренција на најдобрите фестивали во Европа со номинација за Европските фестивалски награди.

Годинава, покрај „Таксират”, во кокуренција за престижните награди, за прв пат е номиниран и летниот „Д Фестивал” кој се одржува во Дојран.

„Д Фестивал" е номиниран во категоријата за „Најдобар мал фестивал"
„Д Фестивал” е номиниран во категоријата за „Најдобар мал фестивал”

„Таксират” е номиниран во категоријата за „Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор”, а „Д Фестивал” во категоријата за „Најдобар мал фестивал”, односно фестивал чија публика брои до 10.000 посетители дневно.

Нашите фестивалски претставници се во борба за наградите во конкуренција со повеќе од 30 фестивали од над 15 земји во Европа, за секоја од категориите.

Европските фестивалски награди се најпрестижното меѓународно признание за препознавање на напорната работа на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена.

Во повеќето од категориите, вклучувајќи ја и номинацијата на „Таксират” и „Д Фестивал”, за наградите одлучува публиката, со онлајн гласање, со што фестивалските фанови имаат можност да покажат колку и каде најмногу уживале.

Вашиот глас можете да го дадете на овој линк: https://www.surveymonkey.com . Гласањето веќе е отворено и ќе се спроведува се до 12 ноември.