Таксист допирал малолетничка за градите

Битолски таксист е осомничен дека допирал за гради малолетничка која се возела во неговиот автомобил, информираше МВР.

Битолчанката И.Т.(40) вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавила дека истиот ден околу 14.30 часот нејзината 15 годишна ќерка влегла во такси возило, по што му кажала на возачот да ја превезе до улицата каде живеела.

Откако тргнале со возилото, според изјавата на И.Т., таксистот почнал разговор со девојчето, по што во еден момент се завртил и  ја штипнал за образот. Пред да стигнат до нејзиниот дом возачот посегнал со раката кон задното седиште и ја допирал патничката за градите.

По пријавата во ПС Битола бил повикан П.К.(53) од Битола, возачот на такси возилото  против кого по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветен пријава.