Таксист мета на разбојници: Му се заканиле со нож и го ограбиле

Разбојници му се заканиле со нож на таксист и му одземале 1.800 денари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, околу 18.45 часот 27-годишниот таксист А.М. од Кичево бил нападнат од двајца разбојници.

Разбојниците побарале од него, како вработен во такси компанијата „Сити“ да ги пренесе до Раштани, но на патот од Кичево кон селото тие му се заканиле со нож и му одземале 1.800 денари, по што избегале.

Се преземаат мерки за откривање на разбјниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.