Таксист од Битола подигнал пари од картички заборавени во автомобил

Според информациите од Министерството за внатрешни 37-годишниот В.Х., таксист од Битола заработи кривична пријава бидејќи трошел туѓи пари.

На 27 октомври тој во таксито пронашол паричник.Наместо да го пријави за загубен и да го пронајде неговиот сопственик, алчниот таксист го зел со себе. Потоа, од платежните картички успеал да подигне 23.000 денари.

Битолачанецот се товари за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.