Таксист ограбен во Чаир

Триесет и двегодишен таксист вчера бил нападнат во скопската населба Чаир.

Три засега непознати лица се качиле во восилото на таксистот К.Л. (32) и побарале услуга од населбата Карпош до улива „Вуковарска“. Кога пристигнале на крајната дестинација едно од лицата извадило нож, а другите две лица од него зеле 22 илјади денари и мобилен телефон.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.