Таксист претепан и ограбен во скопска „Железара“

Таксист бил претепан и ограбен во скопска „Железара“.

Како што информира МВР, вчера околу 12.25 часот во Скопје, на ул. „Коце Металец“, непознат сторител  извршил разбојништво над Б.Л., кој вршел такси превоз со автомобил „Рено-Флуенс“ со скопски регистарски ознаки, при што му одзел 2.000 денари.

Сторителот седнал на задното седиште, побарал такси превоз до ул. „Коце Металец“.

Во моментот кога пристигнале на наведената улица, сторителот му задал силен удар во задниот дел од главата и вратот, по што од десниот преден џеб од фармерките  му ги одзел парите и побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.