Таксист силувал девојка, а нејзиното момче го заклучил во возилото

Tаксист од Битола силувал девојка додека нејзиното момче го заклучил во возилото, синоќа околу 21 часот во Битола.

Парот на возраст од 24 и 25 години од Битола влегол во такси возило со битолски регистарски ознаки управувано од П.М.(54), кое било паркирано во населбата „Баир“ со намера да оди кон центарот на градот. При тоа П.М. започнал расправија со машкото лице за наводен долг, по што ги земал 100-те евра кои истиот ги држел во рака, а потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот.

П.М. застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката. Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот. СВР-Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.