Таксист удрил полицаец со вратата од возилото

Педесет и едногодишниот К.Р. од Куманово доби кривична пријава бидејќи нападнал полицаец кој бил на должност.

Пријавениот бил непрописно паркиран со такси возило, по што од страна на полицијата бил предупреден да се тргне со возилото, но истиот се спротивставил и со вратата од возилото удрил еден полицаец.