Таксист загубил контрола над возилото во Бостон, 10 повредени

Таксист во понеделникот влетал меѓу пешаци недалеку од аеродромот во Бостон, притоа повредувајќи десет лица, откако загубил контрола над возилото и несреќата не ја предизвикал намерно, соопшти американската полиција.

Причината за инцидентот сѐ уште не е утврдена, меѓутоа „ништо не укажува на тоа дека бил намерен“.

Инцидентот се одиграл во 13,40 часот по локално време на такси станицата на аеродромот „Бостон Логан“.

Откако ги покосил пешаците, 56-годишниот возач се залетал во ѕидот на зградата. Полицијата го привела на испитување.

Повредените се пренесени во болница, некои во сериозна состојба, се наведува во полициското соопштение.