Таксистите имаат уште 15 дена да се пријават за курс по англиски

Во тек е пријавувањето на такси возачи на курс по англиски јазик. Рокот за пријавување е до 25 октомври.

Јавниот повик е објавен од страна на Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и истиот се однесува на пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик.

 Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање кое ќе го вршат професори по Англиски јазик. Обуката ќе содржи 80 часови односно 40 блок часови. Трошоците за обука за изучување на англиски јазик ќе се обезбедуваат од Буџетот на општините.

 Право на учество на јавниот повик имаат сите такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија и кои ги исполнуваат следниве услови :

– да не се постари од 62 години

– да се вработени како такси возачи.

Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување на англиски јазик.

 Кон пријавата се доставува следнава документација:

– копија од лична карта во скенирана форма

– копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.во скенирана форма

– задолжителнo да се наведе општината во која што врши дејност такси возачот

 Во следниот период е предвидено да се спроведат голем број обуки, а целта е овозможување на поквалитетен превоз, особено кога станува збор за превоз на туристите.