Таксистите ќе се вклучат во кампањата „Вози безбедно – Вози со врзан појас”

Градоначалникот Коце Трајановски, претставници од Министерството за внатрешни работи, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и од Асоцијацијата на легални автотакси превозници денеска од Градскиот парк ќе упатат апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена употреба на сигурносните појаси.

Целта на овој настан е промоција, поддршката и вклучување на Асоцијацијата на легални автотакси превозници во кампањата „Вози безбедно – Вози со врзан појас”.

Кон оваа акција ќе се приклучат и такси возачите кои покрај со својот личен пример за користење на сигурносните појаси, ќе им укажуваат на патниците во такси возилото да ги употребуваат сигурносните појаси за време на патувањето.

Кампањата за зголемена употреба на сигурносните појаси под мотото „Вози безбедно – Вози со врзан појас“ е составен дел од владината кампања за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата – Почитувај го животот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.