Таксистите од денеска може да се пријават за обуката по англиски

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска го објави јавниот повик за пријавување такси-возачи за посетување обука за изучување англиски јазик.

Обуката опфаќа посетување предавања кои ќе ги вршат професори по англиски јазик и ќе содржи 80, односно 40 блок часови. Трошоците за обука за изучување англиски јазик се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје.

Право на учество на јавниот повик имаат сите такси-возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Градот Скопје кои ги исполнуваат следниве услови:

–       да не се постари од 62 години,

–       да се вработени како такси-возачи.

Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување англиски јазик.

Заинтересираните таксисти треба да поднесат пријава до Архивата на Град Скопје во барака број 16 (пријавата  може да се подигне од Архивата или да се преземе од интернет-страницата www.skopje.gov.mk

Кон пријавата треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува. Пријавите можe да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.