Македонија

Таксистите уште денес и утре може да се пријават за полагање англиски јазик

Таксистите уште денес и утре може да се пријават за полагање англиски јазик

Рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите авто такси возачи завршува утре.

Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk или во Архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите мора да приложат:

  1. М1/М2 образец не постар од 60 дена
  2. Kопија од лична карта.

Апелираме сите авто такси возачи кои не поднеле пријава тоа да го сторат во текот на денешниот и утрешниот ден со цел да го запазат рокот.

Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

Сакаме да истакнеме дека авто такси возачите нема да имаат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи  вработени во лиценцирани авто такси компании.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.