Македонија

Таксистите уште денеска можат да се пријават за полагање англиски

Таксистите уште денеска можат да се пријават за полагање англиски
Таксист претепан во Аеродром – има ли поврзаност со смртта на Стефани?

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека денеска завршува рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите авто такси возачи.

Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk или во Архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството за транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Од Министерството апелираат сите авто такси возачи кои не поднеле пријава тоа да го сторат во текот на денешниот ден со цел да го запазат рокот.

Согласно Законот за патен сообраќај, како што се наведува во соопштението, сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

– Авто такси возачите нема да имаат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании, се наведува во соопштението.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објавено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.