Талант Душебаев нов селектор на унграската ракометна репрезентација

Талант Душебаев е назначен за нов селектор на ракометната репрезентација на Унгарија.

Овој шпански тренер, со руско потекло, потпиша договор со Унгарската ракометна федерација до 31.јануари 2017-та година.

Душебаев ќе ја предводи оваа селекција во квалификациите за ЕВРО 2016-та, каде Унгарија ќе игра против Португалија и Украина на крајот на овој месец.

Унгарија нема да биде дел од Светското првенство следната година во Катар. Најголем успех на оваа селекција под водство на претходниот селектор Лајош Мочаи е четврто место на Олимписките игри во Лондон 2012-та година.

Колку за потсетување, Талант Душебаев пред неколку месеци беше поврзуван со клупата на Вардар, а неговиот син Алекс го носи „црвено-црниот“ дрес. Душебаев му беше тренер на Кире Лазаров во Атлетико Мадрид.