Талант Душебаев се договри со Киелце

Иако се најавуваше како големо засилување на клупата на македонскиот ракометен шампион Вардар, шпанскиот тренер Талант Душебаев се договори со полскиот шампион Виве Тарги Киелце, објави клубот на својата интернет-страница.
Наведено е дека Душебаев веќе ја преземал екипата, а досегашниот тренер Богдан Вента добил нова улога и сега е менаџер на клубот.
Со името на Душебаев, освен Вардар, поврзувани беа уште францускиот Пари Сен Жермен и германскиот Хамбург.