Македонија

Талат Џафери го посети градоначалникот на Улцињ, Назиф Цунгу

Талат Џафери го посети градоначалникот на Улцињ, Назиф Цунгу

Во продолжение на својата прва официјална посета на Црна Гора, претседателот на Собранието на Република Македонија и Татат Џафери и пратениците Максим Димитриевски и Џевад Адеми се сретнаа во Улцињ со градоначалникот Назиф Цунгу и со претставници од општината.

На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и дека таа само треба и натаму да се продлабочи и надгради во областа на економската соработка, со оглед на тоа дека нема отворени прашања.

Цунгу упатил срдечни честитки за формирањето на новата Влада, при што било констатирано дека стабилноста на Македонија влијае врз стабилноста на целиот регион. Исто така, градоначалникот информирал дека по пристапот на Црна Гора во НАТО, на забележителен начин се зголемил интересот за странски инвестиции од страна на познати светски компании.

Соговорниците размениле мислења за правните, административните и фискалните аспекти на децентрализацијата. Беа разменети и позитивните искуства за интегрирањето во мултиетничките средини.