Талат Џафери избран со помалку од 61 глас?!

Новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во центар“, ја постви дилемата Дали Талат Џафери е изгласан со 61 глас. Настрана сите оние фаули во демократската процедура, коментира тој, ако Талат Џафери не е избран со 61 глас во македонскиот парламент, тогаш влегуваме во една многу нестабилна, многу кревка и многу неизвесна политичка и демократска иднина.

Ова е дел од неговиот разговор со со главниот уредник на „Лајм“, Исен Салиу:

Ефтов: Дали избројавте колку точно пратеници гласаа за Талат Џафери?

Салиу: Си има служби кои го имаат тоа направено.

Ефтов: Би се согласиле ли сега да пробаме да направиме проста математика?! Дали беше Али Ахмети присутен на седницата?

Салиу: Не

Ефтов: Дали беше Бранко Манојловски присутен?

Салиу: Не беше ни тој.

Ефтов: Дали петте пратеника на БЕСА беа присутни?

Салиу: Беа.

Ефтов: И напуштија кога се гласаше.

Салиу: Учествуваа, после завршувањето на гласањето напуштија.

Ефтов: Не, напуштија пред да се гласа. Дали двата пратеника од ДПА беа присутни кога се гласаше?

Салиу: Едниот беше.

Ефтов: Дали е под 60?

Салиу: Мислам дека не паѓа.

Салиу: Мислам дека не паѓа.