Талат Џафери кривично ќе одговара за кршењето на процедурите при носење на законот за двојазичност

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Македонија до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, за прекршување  на Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието, заради неуставното и неззаконското донесување на законот за двојазичност во Собранието. Џафери директно сторил кривично дело согласно член 353 и 392 од КЗ.

Имено Џефери извршил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување со што му се заканува казна затвор од најмалку 5 години, според член 353 ст.5 од КЗ.

Џафери го попречил уставно загарантираното право на пратениците да расправаат по веќе поднесени амандмани поднесени по забелешки на Претседателот на државата и дозволил без расправа гласање на законот за двојазичност.

Во текот на целата постапка на гласање на законот извршени се неколкукратни законски прекршувања. Уште при самото ставање на законот во Собрание и ставање на негово читање во Законодавно – правната комисија е прекршена процедурата неговото читање да биде 3 дена, па наместо со Деловник утврдениот рок, читањето пред матичната комисија е извршено за не цел ден, со што се прекршени членовите 139 и 140 од Делевникот за работа на Собранието.

За време на второто читање на законот во Комисијата за европски прашања, од страна на Еврокомесарот Јоханес Хан беше укажано дека законот за двојазичност не е приоритетен за добивање на позитивна препорака од ЕУ, уследија критики од стручната јавност и од претставници на дипломатскиот кор, но ништо не ја спречи власта во кршењето на законите.

Продолжението на второто читање се одржа на 11 декември, при што биле изнесени 90 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 84, од СДСМ 4 и од БЕСА 2 амандмани. На седницата не бил ставен на гласање ниту еден амандман.

Законот за двојазичност беше изгласан на 11 јануари 2018 година, со 66 гласа ЗА. На 17 јануари 2018 година, Претседателот на државата упати писмо до Собранието на Република Македонија во кое се вели дека нема да го потпише законот за  двојазичност, детално образложувајќи ја својата одлука, која се базира врз уставните повреди со поголемиот дел од членовите од законот. Врз основа на укажувањата на Претседателот на државата опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани со цел доведувањена законскиот текст во согласност со Уставот.

ВМРО-ДПМНЕ бараше согласно сите поднесени амандмани да бидата разгледани. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред ставање на законот на трето читање во Собранието истакна дека имаат поднесено барање до архивата на Собранието сите поднесени амандмани да бидат разгледани согласно согласно членот 173 став 3 и член 164 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Второто барање било да заседава Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања да даде свое мислење во однос на прекршувањата на Деловникот за работа на Собранието, спротивно на барањата на ВМРО-ДПМНЕ и процедурите законот бил ставен на гласање без расправа и без разгледување на амандманите, а исто така не им биле дозволени ни процедурални забелешки на пратениците. Со ваквите дејствија Талат  Џафери, како претседател на Собранието директно го повредил членот 67 од Уставот кој укажува на должноста и обврската на претседателот на Сообранието да се грижи за уставноста и законитоста на работата на сообранието и законито спроведување на деловникот како акт за работа на сообранието.

Џафери овде директно го крши чл. 153 од Делевникот, кој предвидува дека за секој амандман се води претрес и се гласа одделно. Ако на иста одредба од предлогот на законот се поднесени два или повеќе различни амандмани, за амандманите се гласа според редот по кој се поднесени. Ако со некој од амандманите се предлага бришење на одделна одредба од предлогот на законот, прво се гласа за тој амандман и ако амандманот се усвои, не се гласа за другите амандмани на тој член.

Покрај Уставното прекшување Џафери извршил и прекршување на членот 18 од Законот за Собрание кој укажува на должноста претседателот на Собранието да се грижи за законито спроведување на Деловникот, како и членот 38 од истиот кој вели дека ако Претседателот на државата не го потпише указот  за прогласување на законот Собранието повторно го разгледува законот согласно со Деловникот, во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот.

Џафери врши и повреда на чл.60 од Деловникот за работа на Собранието, со кој тој како претседател е должен да го спроведува Деловникот и да се грижи за негова правилна примена.

Џафери директно го прекршил во неколку наврати Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.