Талат Џафери повторно прави тензии во Собрание непочитувајќи го Деловникот

Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и нелегално избраниот собраниски спикер Талат Џафери продолжуваат да спроведуваат вистински терор во Собранието на Република Македонија.

Џафери на денешната седница повторно повика на насилна интервенција против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако одби да даде пауза, иако за тоа е обврзан согласно Деловникот. Џафери на дрзок и недемократски начин постојано влегува во конфликт со пратениците од опозицијата.

„Нас не ни е целта да има проблеми. Треба да ја смирите седницата за да тече како што треба, му порача на Џафери пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ“, Илија Димовски.

Димовски во текот на денешниот ден предупредуваше дека има тенденција во Собранието да се предизвика инцидент, кој го провоцираат претседателот Талат Џафери и другите пратеници.

„Обврската на сите нас е да бидеме и прибрани, и пристојни, и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на какви било инциденти и провокации во Собранието“, рече Димовски.