Талат Џафери закажа координација за во понеделник

Претседателот на Собранието Талат Џафери во понеделник закажа координација меѓу претставниците на сите парламентарни партии за локалните избори.

Доколку координаторите на пратеничките групи се договорат за датумот на локалните избори, ожно е во понеделник ќе биде одржана собраниска на која ќе бидат разгледувани измените на законите со кои се предлага продолжување на рокот на надлежностите на градоначалниците.

ВМРО-ДПМНЕ побара итно распишување на локални избори од парламентарното мнозинство и за истото предложија три датуми. Антонио Милошоски од оваа партија изјави дека за нив прифатливи би биле 2 јули, 14 септември и 15 октомври како датуми на кои може да се одржат изборите.

Мандат на градоначалниците на општините и на општинските совети истекува во понеделник.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.