Талески и Дујшебаев најдобри стрелци во Лигата на шампионите

По две одиграни кола Лига на шампиони, на првите две позиции на листата најдобри стрелци се ракометарите на македонските претставници во елитната лига.

Македонскиот репрезентативец и нов капитен на Металург, Филип Талески, е водечки стрелец со 17 постигнати голови од кои дури 13 Талески ги постигна на првиот меч против Елверум. Во второто коло против Татран Прешв, Талески партиципираше со 4 гола, недоволно Металург да избегне пораз.

Веднаш зад него, на 2.место е ракометарот на Вардар, Алекс Дујшебаев со 16 голови, исто колку што има Уве Генсхајмер член на Пари Сен Жермен.

Во листата „топ 50“ е уште и Вуко Борозан од Вардар кој со 9-те постигнати гола е на делба на 39-тото место.

Помалку неочекувано на оваа листа го нема името на капитенот на македонската репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров кој досега на двата одиграни натпревари има постигнати само 6 гола.