петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 0

Талески: Нема криминал во општина Битола

SAMSUNG

SAMSUNG

Последни вести

Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески смета дека денешната прес-конференција на СЈО со театрално и бомбастично изнесени излагања е со политички побуди.

Тој истакна дека општина Битола нема направено никакво незаконско дело, ниту криминал, ниту било какво коруптивно дело.

На попладневната прес-конференција Талески го појасни процесот на организирање на бесплатниот превоз за ученици во овој град.

– Општина Битола доби надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа ја извршивме со согласност на сите директори на училиштата. Согласно Закон, до општината доаѓаат блок дотации, општината ги трансферира до училиштата, а училиштата врз основа на потпишан договор со превозниците вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно. Со денешната прес-конференција на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу не уважува како важен субјект, рече Талески.

Нам не ни е потребна аболиција, потенцира Талески, бидејќи ние работиме законски, а мојот имот кој неколку пати е проверуван е законски стекнат и пријавен во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Најчитани вести