вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Талески: Офицерскиот дом ќе прерасне во Куќа на културата

Офицерскиот дом ќе прерасне во Куќа на културата во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави, концерти... Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески денеска потврди дека е почната постапка за измена на одлуката за продажба на Офицерскиот дом во Битола и овој објект во иднина ќе биде сопственост на општината.

SONY DSC

Поврзани вести

Офицерскиот дом ќе прерасне во Куќа на културата во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави, концерти… Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески денеска потврди дека е почната постапка за измена на одлуката за продажба на Офицерскиот дом во Битола и овој објект во иднина ќе биде сопственост на општината.

Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект кој е од големо културно историско значење. Деновиве имаше различни реакции од граѓаните, но ВМРО ДПМНЕ покажа дека има слух да го чуе гласот на народот, постапката за продажба на Офицерски е прекината и сите ние функционерите од ВМРО ДПМНЕ почнуваме постапка за пренесување на Офицерскиот дом во сопственост на општина Битола, рече градоначалникот на општина Битола на денешната прес конференција.

Тој додаде дека со најновиот предлог се обезбедува најдоброто решение за битолскиот Офицерски дом.

Ја прифаќам одлуката и се заблагодарувам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој имаше волја сите нас да не контактира и да најдеме заедничко решение, подобро од претходното. Оваа одлука е на задоволство на сите битолчани и убеден сум дека во 2016 година ќе заврши постапката. Имаме и проекти за да гордоста на Битола, Офицерскиот дом биде во функција, односно Куќа на културата во која ќе има концерти, театарски претстави, промоции, изложби, но и венчална сала за што се планирани околу 2 милиони евра, рече Талески.

Целосната реконструкција и ставање во функција на Офицерскиот дом во Битола беше најавена вчера од страна на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски. Проектот, како што информира тој, ќе започне со реализација на крајот на оваа и почетокот на идната година.

Би сакал да истакнам и да е совршено јасно дека никогаш не би преземале ниту еден чекор со кој би наштетиле на граѓаните. Нивните потреби ни се најважни и затоа младите во Битола ќе добијат репрезентативно и целосно реконструирана зграда на офицерскиот дом. Го слушаме гласот и волјата на битолчани. МТСП ќе го препушти на владение на општина Битола, која во соработка со Владата ќе изврши целосна реконструкција и ќе се добие зграда со историска и културна вредност и каде ќе биде сместена новата матична служба во Битола за регистрација на брачните парови. Ќе има просторија и за која битолчани ќе одлучат за што ќе биде наменета. За просториите и начинот на кој ќе се користат ќе одлучат самите битолчани. Ова ќе биде чекор со кој битолчани ќе добијат корисен простор. Општината има изработено проект и ќе преземе процедури за избор на изведувач и кон крај на оваа, почеток на следната, ќе го изведе проектот и ќе започне со градежен зафат, потенцираше Груевски.

Почетната инвестиција, рече Груевски, изнесува околу 2 милиони евра.

 

Најчитани вести