Талевска доби две години условно затвор за „Тифани“

Новинарката Ивона Талеска беше осудена на две години условна затворска казна за даночно затајување во предметот на СЈО „Тифани“, откако претходно денеска на судењето во Основниот суд Скопје 1 призна вина. Талеска нема да лежи затвор ако во наредните четири години не направи ново кривично дело.

Талеска треба да плати 1.671.611 денари за персонален данок на дохот кој не го плаќала, 1.145.900 денари даночни обврски од фирмата Смарт Центар ДООЕЛ која сега е во стечај, а фирмата Смарт Груп која е во сопственост да Талеска треба да плати 1.038.698 данокот го затајувала од 2008 до 2014 година.

Талеска има рок од една година да го плати данокот кој го затајувала со години и за што беше отворен случајот на СЈО „Тифани“.