Македонија

Талевска за српски „Блиц“: Опозицијата повикува на насилни протести

Талевска за српски „Блиц“: Опозицијата повикува на насилни протести

Главната и одговорна уредничка на весникот Вечер, Ивона Талевска како и двајца сниматели од телевизијата Сител синоќа за време на насилните протести пред Собранието беа нападнати од група демонстранти на плоштадот Македонија. Талевска во изјава за српски „Блиц“ тврди дека на улиците во Скопје има хулигани и вандали кои по налог на опозицијата се обидуваат да ја дестабилизираат власта.

-Опозицијата упорно се обидува да ја сруши владата на сите можни начини затоа што девет пати по ред ги губат изборите. Повикуваат на насилни протести и ги напаѓаат обичните луѓе, вели таа.

ivona_tralevskaa

Талевска раскажува дека таа и двајца снимателни синоќа биле брутално нападнати од хулигани додека известувале од протестите.

– Прво не вреѓаа, не гаѓаа и ни се закануваа, а кога успеавме да влеземе во автомобилот, ни ги скршија сите стакла и не тепаа. Сите тројца сме полесно повредени и бевме згрижени во Ургентниот центар. Поднесовме кривични пријави и се надеваме дека правосудството брзо ќе го реши овој напад, раскажува Талевска за српски „Блиц“.

talevska_cela slika

Таа додава дека поради тој напад колегите од различни медиуми, а во организација на Македонската асоцијација на новинари, денеска го бојкотираа лидерот на опозцијата Зоран Заев кој е обвинуван дека стои зад протестите во Скопје.

– Новинарите ги спуштија камерите, му го подарија Уставот и ја напуштија пресконференцијата во знак на револт поради нападот врз мене. Професијата несмее да се чувствува загрозено, вели Талевска.

kameriiii_2

 

Додава дека и самата се нашла на метата на Зоран Заев кој незаконски објавува прислушувани разговори и тврди дека снимките се монтирани:

– За моите снимки со сигурност тврдам дека се монтирани така што три различни разговори се исечени и спакувани во еден. Сега се обидуваат да играат на емоциите на граѓаните и да создадат некаква војна меѓу граѓаните, но дури ни членовите на СДСМ не беа протестите.  Затоа се хулиганите и навивачките групи, вели Талевска за „Блиц“.