Талевски: Граѓаните ни дадоа доверба, работиме за нив

Битолскиот градски татко денеска кажа што се’ е  сработеното по локалните избори за 7-8 месеци,потенцирајќи дека тоа е ова е благодарение на довербата што ја добиле од граѓаните, а за возврат тие реализираа голем број проекти.

Владимир Талевски посочи дека еден од најважните проекти кој што го водат  со години е индустриската зона Жабени која се разликува од останатите зони бидејќи зоната не е ТИРЗ туку е индустриска зона во која имаме потполна инфраструктура водоводна мрежа, канализациона мрежа. Со помош на Владата на Република Македонијна има електрификација, пристапни патишта и така натаму.

„Во моментов имаме потпишано 8 одобренија за градби. Завршената Кромберт и Шуберт во моментов вработува 1000 наши граѓани што всушност беше крајната цел на сите овие наши активности што ги превземаме со Владата на Република Македонија. Сето ова се однесува на решавање на еден од најгорливите проблеми кои ги  наследивме со долготрајната транзиција тоа е невработеноста. Оваа година очекуваме уште 1000 нововработени наши граѓани да се вработат во Кромберт и Шуберт и следната година уште најмалку 500. Доколку ова се испоплни очекуваме Кромберт и Шуберт да добие уште едно одобрение за градба да направи уште еден објект во кој ќе вработи уште нови 1500 наши граѓани. Значи оптималната бројка од денес за 4 години би била 4000 нововработени граѓани“, посочи тој додавајќи дека следен крупен проект што го води општина Битола е Златен рид или старата касарна на АРМ. Таму веќе се градат вкупно 5 објекти од кој два се во финална фаза. Овој дел кој се однесува на 103 хектари во едно од најубавите места во Општина Битола, направени се 3 детални урбанистички планови со кој се предвидени сите идни урбанистички средини. Убеден  сум дека најголемиот дел од градежните работи во 2014 ќе бидат токму во касарната.

Битолскиот татко нагласи дека оваа година завршиле  33 од тие 100 најавени улици што значи дека една третина и  во следниве 2014 и 2015 некаде при крајот на третата година од мандатот ќе ги имаат тие 100 улици.

„Јас сум оптимист и очекувам четвртата година од новата локална самоуправа да биде завршена со повеќе од 100 улици, се разбира според потребите на граѓаните“, рече Талевски на денешната пресконфернеција.

Според него следен многу важен проект старскиот дом Сју Рајдер кои заедно со финансиски средства од ИПА фондовите е веќе во завршна фаза, и каде што веќе почнаа  корисниците да се сместуваат.

„Исто така важен проект е мостот Црн Мост, каде што стариот мост веќе се користи како пешачки мост, додека ново изградениот мост кој ќе се користи за сообраќај е интересна иновација, затоа што 70% од мостот над коритото е направен како кружен тек со што многу придонесува за динамиката на сообраќајот и за прекинување на долгите сообраќајни “опашки” кои што се правеа во овој дел од градот. Новиот сообраќаен мост е во финална фаза, поставено е осветлувањето и оградата и кога ќе ни дозволат временските услови со поставувањето на вториот слој на асфалт, овој мост ќе биде завршен“, рече градоначалникот.

Меѓу завршените проекти во Битола се и киното Манаки, реконструкцијата во Зоолошката градина,  градскиот пазар во Битола, како и водоснабдувањето  на 23 села.

„Еден проект многу значаен за градот најавуван бешеи  го работиме заедно со Владата на Република Македонија и со ЕЛЕМ тоа е топлификација на Битола. Тоа е многу важен проект мислам дека при крајот на 2014 година ќе видиме и практично како ќе се реалзира.  Затоа што завршени се сите подготовки, направен е и проектот се бираат трасите каде треба да минува“, посочи тој, кој вели при крај е и  големиот резервоар во Брусничка населба од 2000 метри кубни којшто беше бескрајно потребен заради висинската разлика онаму каде што Јавното Претпријатие имаше проблеми со притисокот на водата практично сега тоа го решаваме. Тој рече дека се набавени и специјални две возила за Јавното Комунално претпријатие Комуналец,  значи една цистерна којшто е во постојана употреба и едно ново возило за подигање на сметот.

Талевски посочи дека се опреми и  противпожарната служба преку проект кој се вика FireShell преку кој што обезбедивме за сите пожарникари посебни униформи заштитни униформи и модерни возила.

„Потоа реконструкцијата на железничката пруга од Битола до грчката граница и по наше барање знаете дека Македонски железници прифатија еден крак од пругата да пуштат во самата индустриска зона Жабени за потребите на потенцијалните инвеститори и оние кои што ќе изградат фабрики.  Очекуваме при крајот на 2016-та година оваа пруга да биде завршена. Исто така завршени се три тениски игралишта од програмата за Млади и Спорт и  очекувам идниов период да се градат нови игралишта . Значи скејт парк кој беше по барање на многу наши млади Битолчани и тоа е првиот проект после изборите што го реализиравме најбрзо што можевме. Спортската сала “Младост” беше во катастрофална ситуација штом ја добивме веднаш почнавме со реконструкција на спортската сала можам да ви кажам дека е максимално завршена реконструкцијата на кровнатата конструкција во малата сала во спортската сала Младос, а во моментов  работиме на санитарните јазли соблекувалните и останатите простории во спорската сала“ се дел од завршените проекти на локалната власт во Битола.

Тој наброја уште многу дела и истакна дека ќе продолжат со тоа темпо.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.