Талибанците ги предупредија Авганистанците да не излегуваат на избори

Талибанците ги предупредија Авганистанците да не излегуваат на претседателски избори во април бидејќи им наредиј на своите соброци да го „пореметат“ гласањето, извсти денеска портпаролот на екстремистите Забихулах Муџахид.

Талибанците исто така ги повикаа исламските свештеници ширум земјата дека се шират гласишта дека изборите всушност се „американска заговор“.

Тоа е прво формално заканување со насилство пред изборите кои се одржуваат на 5-ти април во Авганистан, наведено е во пораката која Муџахид им ја упати на медиумите.

Талибанците не прецизираа каков напад планираат за априлските избори, иако претходните избори во 2009 година сериозно беа загрозени со насилство, кога најмалку 31 цивил и 26 војници и полицајци беа убиени на денот на гласањето.