Талибанците го рекетираа аеродромот во Кабул

Талибанците денеска ја започнаа пролетната офанзива со ракетен напад на аеродромот во Кабул. Во нападот нема жртви, соопштија авганистанските власти.

Повеќе од две ракети експлодираа во пет часот изутрина по локално време, откако бунтовниците најавија нови операции против меѓународните сили предводени од САД и против објекти на авганистанската Влада.

Талибанските лидери се заканија минатата недела дека со новата офанзица ќе ја исчистат земјата од „нечистотијата од неверниците“.

Меѓународните сили во Авганистан – ИСАФ соопштија дека освен аеродромот во Кабул, цел на напад бил и аеродромот Баграм, кој е најголема база на ИСАФ во земјата.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите на својот налог на Твитер, заканувајќи се со нови напади.

Околу 51 илјада војници на НАТО, кои се уште се во Авганистан, треба да ја напуштат земјата до декември, а само помал број од нив ќе останат подолго поради обука на авганистанските сили за безбедност и антитерористички операции.