Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот врз хотелот „Парк Палас“ во Кабул, во кој беа убиени пет лица, пренесоа американските медиуми.
„Тоа беше самоубиствена мисија, извршена од еден од нашите борци. Нападот беше детално испланиран за да се удри на прославата на која учествуваа важни личности, вклучувајќи и Американци“, посочуваат талибанците во коминике, испратено до медиумите.
Според портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, во нападот учествувал само еден борец, вооружен со автомат „Калашњиков“, пиштол и елек со експлозиви, а не од тројца, како што информира авганистанската Влада.