Талибанците убија 141 лице во военото училиште во Пакистан

Талибанци во Авганистан зазедоа 80 села
Талибанци во Авганистан зазедоа 80 села

Пакистанските безбедносни сили по осумчасовна акција ги ликвидираа сите напаѓачи.

Портпаролот на пакистанската армија Асим Баџва изјави дека во нападот загинале 141 луѓе, од кои 132 деца и деветмина членови на училишниот персонал. Тој посочи напаѓачите носеле и експлозив на себе.

– Напаѓачите немаа намера да земат заложници, откако упаднаа во училиштето веднаш почнаа да пукаат, истакна Баџва, додавајќи дека најмалку 122 лица се повредени од кои најголемиот број ученици.

Талибанците соопштија дека во училиштето испратиле шест вооружени луѓе, кои на себе носеле и експлозив.

Во училиштето имало околу 500 ученици и професори.

– Операцијата е завршена, безбедносните сили расчистуваат и се надеваме дека зградата набрзо ќе биде исчистена. Телата на шестемина напаѓачи се пронајдени во зградата, наведе претставникот на пакистанската полиција Абдулах Кан.

Портпаролот на талибанците Мохамед Курасани во телефонски разговор со пакистанските медиуми ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека бил изведен во знак на одмазда поради нападите на пакистанската армија врз семејствата на милитантите.

– Одлучивме да го нападнеме ова воено училиште бидејќи Владата ги убива нашите семејства и жени. Сакаме и тие да почувствуваат болка каква што ние имаме почувствувано, рече Курасани.

Пакистанскиот министер за полиција Раџнат Синг истакна дека нападот во Пешавар го отсликува „вистинското лице на тероризмот“.